Кавадарчанки нема повеќе да патуваат во други градови за да извршат преглед на мамограф. Во општа болница Кавадарци веќе е во функција мамографот и се вршат прегледи, информираше денеска директорот на болницата, д-р Орцо Ангеловски.
„Апаратот за мамографија е веќе во употреба. Неколку дена се врши снимање, се читаат снимките. Имаме откриено и еден сомнителен случај кој е пратен на дополнителни испитувања“ рече директорот на болницата.
Тој информира дека сите пациентки кои имаат потреба од мамографија можат да закажат преглед преку системот „мој термин“.
Кавадаречката болница неодамна го доби овој современ апарат. Се обучува кадар од кавадаречката болница, а во меѓувреме снимките ги читаат лекари од други болници.
A.Д

Додади коментар