Марш на волонтерите во Кавадарци
07-12-2013 РЕГИОН

Педесетина волонтери денеска се приклучија на маршот организиран од општинската организација на Црвен Крст Кавадарци, по повод одбележувањето на денот на волонтерите.

Се приклучија волонтери од невладините организации во градот и средношколци.Се маршираше од Моклиште до Ваташкото Езеро.

  Претседателот на ЦрвенКрст Кавадарци, Димитар Каракулев е задоволен од одзивот и нагласи дека на повикот се приклучиле учесници од 7 до 77 години.

„Сите граѓани би требало да одвојат по 2-3 часа од своето слободно време и да се приклучат во невладиниот сектор со волонтерски активности, бидејќи на тој начин се стекнуваат многу позитивни искуства. Она што посебно ме радува е учеството на голем број средношколци., Нивното денешно учество во маршот кажува за нивната одговорност. Сигурно како млади луѓе синоќа легнале порано, за да можат денеска да маршираат“, рече Каракулев.

Маршот на волонтерите беше подржан и од бизнис секторот кој  обезбеди топли напитоци и храна.

 



Share

Додади коментар