Масовна дезинфекција во општина Кавадарци
27-03-2020 РЕГИОН
Службите на ЈП Комуналец покрај тоа што активно учествуваат во сите акции за дезинфекција на улиците и автомобилите кои влегуваат во градот, од вечерва започнаа со нова активност. Откако ќе започне полицискиот час ,односно од 21 часот па се до 5 часот изутрина, се врши дезинфекција со специјално возило кое преку силен млаз на течност ги уништува сите честички кои го загадуваат воздухот и бактериите.
Исто така екипи деновиве вршеа повторна дезинфекција на сите влезови во колективните згради, а на трите влеза во градот непрекинато дезинфекција со автоматска машина се врши на сите возила кои влегуваат во Кавадарци.
Денеска Започна дезинфекцијата на улиците во с.Дреново и с.Возарци

Додади коментар