Министерот за земјоделство утре на средба со лозарите во Кавадарци
01-02-2019 РЕГИОН

 

На градскиот плоштад во Кавадарци , утре во 11 . 30 часот ќе се одржи средба меѓу Министерот за земјоделство Љупчо Николовски , лозарите , пратеници од овој крај и градоначалникот Митко Јанчев .

 

 

Средбата е иницирана од досегашниот проблем на лозарите со неисплатеното грозје за 2015 и 2016 година од „Стефани винарија“ и „Повардарие“. 

 

Се очекува министерот да им соопшти добри вести на производителите на грозје.

 

А.Д



Share

Додади коментар