Младите не водат грижа за личната хигиена, а со сексуални контакти почнуваат од 15 години
10-04-2017 РЕГИОН

Според Светската Здравствена Организација околу 1,1 милијарда луѓе ширум светот немаат пристап до чиста вода за пиење додека пак 2,4 милијарди луѓе немаат пристап до било каков вид на санитарен објект. Околу 2 милиона луѓе умираат секоја година како последица од дијареални заболувања а повеќето од нив се деца помали од 5 години.

 

Нај ефектирани се земјите во развој, луѓето кои што живеат во екстремно сиромашни услови, во полуурбани живеалишта и рурални средини. Како причина за оваа ситуација се јавуваат: немање финансиски ресурси, неможност за одржливост на водоснабдувањето и санитарните услуги, лошото хигиенско однесување, несоодветни санитарни услови на јавните места: болниците, здравствените центри и училиштата, како и потценување на приоритетноста на хигиената како најдобра превенција од одредени болести.

 

Обезбедување на пристап до доволни количини на безбедна вода за пиење, обезбедување на објекти за санитарно депонирање на екскрети и воведување во правилниот начин на одржување на лична хигиена се клучните фактори преку кои би се намалиле болестите предизвикани од недостаток на хигиена.Процесите на глобализација, урбанизација и индустријализација со кои се соочува Република Македонија претставуваат посебни предизвици за заедницата, поврзани со трендот на пораст на населението кое неправилно се храни и води неправилен стил на живот. Ризиците со кој се соочува населението се директно поврзани со хигиенско – диетскиот режим на луѓето, навиките и начините на однесување наспроти сопственото здравје и здравјето на околината.

 

Хигиенизацијата кај населението сеуште е тема на којашто не се зборува. Мислењето дека хигиената преставува нешто што секој од нас го знае и практикува е погрешно. За тоа говорат бројните факти и студии направени на глобално ниво но и во Република Македонија. Во 2006 година, Светската здравствена организација спроведе меѓународно истражување за однесувањето во врска со здравјето на децата на училишна возраст во 41 држава во Европа и во Америка.


Истражувањето е спроведено кај над 200 илјади деца на возраст од 11-15 години, а во Македонија во периодот април - мај 2006 година се испитани 5552 деца во рана адолесценција. Според добиените податоци, во Р. Македонија цигара запалиле 36% од 15-годишниците, 9% од 13-годишните деца и 2% од 11-годишниците. Алкохол консумирале до 13% од испитаните деца, односно секое десетто дете, а марихуана 3% од 15-годишниците. Сексуални односи имале 34% од машките и 5% од девојчињата на 15-годишна возраст. Од нив, помалку од 7% користеле таблети за контрацепција, но при последниот сексуален однос користеле 81% од машките и 65% од женските деца.

 

20 проценти од децата во Македонија сметаат дека имаат прекумерна тежина. Околу 40% консумираат зеленчук и овошје, а повеќе од две третини пијат газирани пијалаци. Анкетата покажала дека малку од учениците, редовно мијат раце, најмалку го прават тоа по одење во тоалет и уште помалку од нив користат сапун.Целта на оваа кампања велат од црвен крст Кавадарци е да се потенцира дека хигиената преставува мултипна дисциплина која што може да се разгледа од повеќе аспекти. Таа се однесува на условите, практики и навиките кои помагаат за одржување на здравјето и спречување на ширењето на болести. Главната поделба на хигиената се однесува на Лична хигиена,потоа домашната хигиена и хигиената на храна.

 

За да го постигнеме ефектот треба јасно да се знае дека клучно во се е консумирањето на чиста вода за пиење,миењето раце редовно, особено по одење во тоалет и пред јадење, да се храниме здраво, да ги миеме зеленчукот и овошјето, да се проверува рокот кај млечните и месните производи и да се фрла отпадот во јавните канти за ѓубре, категорични се од општинската организација на црвен крст Кавадарци.

 



Share

Додади коментар