Над 90 сантиметри снег во Подкожувјето
04-01-2019 РЕГИОН

 

 

Зимската служба на Општина Кавадарци работи со полна пареа. Денес регионот беше зафатен од силни врнежи на снег.  Измерена е снежна покривка од 90 сантиметри во с.Мрежичко и 60 сантиметри во Подкожувјето и Бошавијата.

Механизацијата работеше на расчистување на  патот Бојанчиште - Куманичево и Конопиште - Лукар со што се пробива патот се со цел лесно движење и непрекинато водоснабдување од страна на ЈП Комуналец.

 

 

2 возила од Македонија пат работеа на патот Кавадарци - Мушов гроб, а 2 големи трактори со нож и соларка интервенираа на патот Мушов гроб - Мајден и на патот Мајден - Рожден.

 

Уште две возила на зимската служба на Општина Кавадарци работат на пробивање на правците кон Михајлово, Страгово, Крњево, Бохула, Бојанчиште, Граниково и Чемерско.

 

Активна е и една фреза за фрлање на снег на местата кај што има наноси од снег.

 

Снежната покривка на скијачкиот центар Кожув е над 1 метар. Прекрасна снежна идила



Share

Додади коментар