Се намалува бројот на заболени од грип во Кавадарци, град кој оваа сезона беше на врвот по грипозни во државата, информира доктор Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје од Кавадарци.
-Последната седмица се регистрирани само 76 заболени од грип. Ова е значително помала бројка споредено со онаа од 613 новозаболени за само една седмица во февруари. Февруари ни беше месец со најмногу заболени оваа сезона, 1.555, а вкупниот број на грипозни сезонава изнесува 3.116. Ако се има во предвид бројката од вкупно 862 заболени од грип минатата година, излегува дека годинава бројот на грипозни е за 3.6 пати поголем од лани, вели Јовановски.
Тој нагласи дека очекувањата се дека топлото време ќе го намали ширењето на грипот бидејќи активноста на вирусот е помала, но сепак остануваат препораките до населението превентивно да се делува со цел да не се заболи од грип.
С.Д

Додади коментар