Намален е бројот на сообраќајки во Велес
06-04-2015 РЕГИОН

Намален е бројот на сообраќајки во Велес. Според годишниот извештај на велешката полициска станица, лани се случиле 331 или 35 помалку во споредба со 2013-та година. Регистрирани се и двојно помалку жртви. Минатата година загинале 4-ца, додека во 2013-та, животот го загубиле 8-мина учесници  во сообраќајот. Според статистиката на велешката полициска станица, најчеста причина за сообраќајните несреќи е недржење страна на движење..

Инаку намалувањето на бројот на сообраќајки се должи на подобрувањето на патната инфраструктура и новите сообраќајни решенија.. Така на влезот во велес со изградбата на кружниот тек значително е подобрена безбедноста во сообраќајот..

Намалување на бројот на сообраќајки има и во останатите општини кои ги покрива велешката полиција. Според извештајот на министерството за внатрешни работи, во 2014-та имало дури 60 помалку во споредба со претходната година..

Анализата на велешката полиција открива дека минатата година е намален и бројот на сообраќајни прекршоци.. Регистрирани биле скоро 2 илјади или за 1.200 помалку во споредба со 2013-та година.. Во извештајот на полициската станица се вели дека лани најмногу контроли имало во центарот на градот кај кружниот тек, двата градски пазари, улиците 8-ми септември и благој ѓорев.. Редовни сообраќајни контроли се реализирале и пред училиштата..

 

 



Share

Додади коментар