Наскоро започнуваат обуките за пчелари од неготинско
12-08-2016 РЕГИОН

Пчеларите кои се пријавија на обуката  за одгледување на пчели, денес го  одржаа  првиот информативен состанок во просториите на  општина Неготино.Обуката која ќе се реализира  е во ракмите на проектот ,,Подршка и развој на економијата на пчелните производи во прекуграничната област ,,Bee conomy“  што е ко-финансиран преку ИПА-ЦБЦ програмата  Алмопиа од Грција и Македонија.

 

Обуките ќе ги одржуваат Мирољуб  Голубовски од факултетот за земјоделски науки и храна-лаборант за пчеларство, Бранко Соколов –професор и Хрисула Кипријаноска.

 

Пијавувањето на обуката започна  во јули и во првата група до сега имало пријавени  34 учесници а потоа избрани само 25 учесници,  колку биле и предвидени за првиот циклус од обуката.

 

Планирани се 70часа, теоретски и практични предавања.На обуката учевствуваат и почетници и веке обучени(искусни) пчелари.

 

Програма има за цел да го развие пчеларството и пчелните производи во поширокото локално подрачје во двете општини, бидејќи пчеларството е сектор кој дава бројни можности за бизнис. 

 

Општина Неготино информира дека рокот за пријавување на 25 напредни пчелари кои веќе се занимаваат со пчелно производство е продолжен до 22-ри овој месец до кога сите заинтересирани ќе можат да се пријават во Одделението за локален економски развој.

 

М.В



Share

Додади коментар