Триесетина жени возачи од Кавадарци денеска седнаа во авотмобилите и ги покажаа своите возачки способности и вештини. Беа дел од натпреварот во вешто возење што се одржа на полигонот кај спортската сала,а е во пресрет на денот на жената 8 ми март. Сите нестрпливо го чекаа својот ред за да покажат вештините за возење , а комисијата будно го следеше движењето на возилата по полигонот.
„Отсекот за превенција при СВР Велес во соработока со локалната самоуправа, исптиниот центар и со автошколите организира еден невообичаен начин за одбележување на празникот на жената 8 ми март, наптпревар во вешто возење за жени. Неочекувано одзивот беше голем. Повеќе од 30 кандидатки. За сите нив организаторот обезебди скромен подарок“ изјави портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.
Третото место го освои Надица Мустеникова, второто Викторија Димова, а прва беше дваесет и тригодишната Даница Шикова. Таа во изјава
за КТВ рече дека не е тешко да се вози, туку дека е потребна желба за тоа.
„Положебна сум веќе 5 години. Возам секој ден. Не беше тешко во натпреварот, треба само желба за возење“ рече Шикова.
Најбрзо време на полигонот имаше Магдалена Велкова, а за највозрасна меѓу жените возачи кои се натпреваруваа беше Даница Анѓушева. Таа го поздрави овој натпревар и нагласи дека жените биле подобри возачи од мажите.
„ Поводот е убав. Да ги освежиме вештините. Некој вози почесто, некој поретко. Поводот е одличен да се дружиме . Пред 20 години кога полагав беше малку чудно жена да вози , но жените се многу повнимателни возачи од мажите, нека не се лутат мажите“ рече Анѓушева.
Василка Темкова има 75 години и според евиденцијата на полицијата таа е прогласена за најстара жена – возач.
„Полагав за возач во 1984, бев меѓу првите генерации жени што полагаа. Сопругот положи пред мене, и јас сакав да возам и се упишав да полагам. Ми беше потребна кола, бидјеќи одевме на нива и си работевме. Возев 10 години, па ми ја продолжија возачката дозвола. Па потоа пораснаа децаа и им дадов нив да возат. Возев до 65 годишна возраст, но ми ослабна видот и престанав да возам“ рече Темкова.
Ангел Данов

Додади коментар