„Со директорката на центарот во Велес не можат да стапат во контакт ниту раководителите на центрите. Таа не одговара на нивните повици. Имаме информации дека сите наши колеги од другите центри за јавно здравје ги добиле парите за прекувремена работа“ реагираат вработени.
На нашите прашања, од министерството за здравство добивме одговор дека во однос на исплата на прекувремени работни часови, вработените се исплаќале врз основа на испратен извештај за прекувремена работа, со што технички им се признавале одработените работни часови.
Вработените пак се конкретни и појаснуваат дека и покрај евидентираната прекувремена работа, пари не им се исплатени неколку месеци,но немале и доволно лична заштитна опрема. Од министерството ни одговорија дека по кажувања од центарот во Велес, имало доволно заштитна опрема.
Кавадаречкиот центар се соочува и со проблем на покривната конструкција. Кровот е во лоша состојба и при обилни врнежи може да прокисне. Од министерството велат дека од велешкиот центар добиле одговор оти сите потреби кои во моментот се јавувале во однос на реконструкција на инфраструктурата биле планирани за следната година.
Ангел Данов
Додади коментар