Нова патека до спомен костурницата во паркот во Кавадарци
20-10-2020 РЕГИОН
Општина Кавадарци деновиве привршува со реализација на комуналниот проект за изградба на целосно нова пристапна патека до „Спомен костурницата“ во градскиот парк - информираат од локалната самоуправа.
 
 
Проектот содржи пробивање и формирање на нова патека од павер елементи во вкупна должина од 300 метри која во еден дел се спојува со стара патека од која беа отстранети руинираните гранитни коцки.
 
 
 
Новата патека започнува од источниот влез на Винскиот музеј, се движи над објектот по јужната страна, за на крајот да се оддели од старатa патека и се упати кон костурницата како нов пристап од север.
 
 
Вчера на оваа локација ангажираната специјализирана електро екипа работеше на приклучување на последната од осумте нови ниски канделабри кои се дел од системот на јавното улично осветлување.
Новите високо ефикасни ЛЕД светилки со јачина од 20W се поставени на метални столбови со висина од 3,5 метри.
 
Во рамките на комуналната изградба општината Кавадарци реализираше проект за продолжување на крак од ул.„Дисанска“ во населбата „Парк“. Ангажираната оператива деновиве ги заврши градежните работи со поставување на рабници за оформување на трасата на улицата во должина од 300 метри, по што се спроведе и тампонирање.
 
 
 
Во наредниот период ќе уследи асфалтирање на улицата. Претходно на истата делница се изврши прокоп и поставување на цевки и шахти од новата линија за канализација.
Со реализацијата на овој проект општината ќе обезбеди урбанизиран и асфалтиран пристап до Спомен костурницата од истичната страна.


Share

Додади коментар