Нова спортска опрема од Дрекслмајер за Ракометниот клуб „Тиквеш“
01-10-2019 РЕГИОН

На големо задоволство на љубителите на спортотво Кавадарци, Дрекслмајер овојпат со поддршка за ракометот. Станува збор за комплетна спортска опрема која ги задоволува потребите на еден професионален спортист.

 

За непречен професионален тренинг, клубот доби и нови спортски реквизити.

На примопредавањето на опремата генералниот директор на Дрекслмајер беше спортски поздравен од целиот ракометен тим.

 

„Дрекслмајер се радува на сите спортски успеси кои му даваат енергија на градот и позитивен спортски дух. Со цел и ние да придонесеме ракометарите од РК „Тиквеш“ да бидат уште помотивирани за постигнување на добри спортски резултати, дониравме спортска опрема, неопходна за еден професионален спортист“, рече генералниот директор на компанијата, Лукас Мирингер.

 

Задоволството на ракометарите на РК „Тиквеш“ е големо. Јане Јанчев изјави: „На наше големо задоволство компанијата Дрекслмајер, како и многупати до сега ја докажа својата желба и посветеност за поддршка на спортот во Кавадарци. Благодарни сме и среќни за пружаната поддршка од нивна страна. Ова ќе ни даде дополнителен поттик за понатамошни  успеси и уште подобри резултати.“

 

Како активен партнер на регионот Дрекслмајер несебично пружа поддршка во повеќе општествени сегменти. „Спортот секогаш го има нашиот примат и драго ни е што овојпат ракометниот клуб „Тиквеш“ ја започна оваа спортска сезона со нова професионална опрема. На тимот му посакуваме спортски успеси и многу победи“, додаде Мирингер на крајот од  средбата со ракометарите.



Share

Додади коментар