Новина од кавадаречката болница: Се воведува приправен стоматолог
29-05-2019 РЕГИОН

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци од 1 јуни годинава воведува новина во работењето на стоматологија. Ќе започна да функционира итна стоматолошка служба за потребите на граѓаните од Кавадарци.

 

Истата ќе работи во просториите на старата стоматологија секој работен ден во две смени, а во текот на ноќта од 21 до 07 наутро, како и за време на викенди и празници ќе има приправен стоматолог.

 

Од болницата ги известуваат граѓаните кои ќе се соочат со забоболка или друг стоматолошки проблем во текот на ноќта, а е потребна итна интервенција,  дека ќе можат да се јават во итната медицинска помош,  од каде ќе биде повикан приправниот стоматолог, а граѓаните со заболка ќе добијат брза интервенција.

А.Д



Share

Додади коментар