„Када ме дотакне“ е насловот на песната која ги спои Слободанка Танева и 4UBAND од Кавадарци. Тие ја преработија оваа песна од Парни ваљак, а со тоа го означија стартот на меѓусебната соработка. За овој cover тие снимија и видео кое е веќе достапно.
„Договорот за соработка со 4UBAND се случи многу спонтано. Се одлучивме за оваа песна, затоа што ни е од по омилените. Сметавме дека можеме да ги изнесеме емоциите и да се вклопиме, за да излезе добро за секое уво. За снимање на видеото, соработуваме со Photography i videography -BAJKA Kosta Pelivanov. Беше убаво искуство додека снимаме со сите позитиви околу нас. Снимавме кај Столе Аврамов во неговото студио, а видеото е снимено во royal queen maria “ вели за КТВ, Танева и се надева дека оваа соработка ќе продолжи и со нови снимени песни, па и со нивни авторски.
Танева оваа година имаше дебитантски настап на „Макфест“. 4UBAND постои веќе три години. Имаат една авторска песна и со најновата, 6 препеани песни. Членови на групата се Борис Грков гитара ,Борис Илов гитара и вокал, Оливер Миленковски тапани. Придружба на бас гитара Орце Павлов.
А.Д

Додади коментар