Иако не е потврдена точната количина за врнежите на территоријата на општина Кавадарци, стручњаците потвдуваат дека повеќе од дваипол месеци нема регистрирано врнежи од дожд, па така дождот од минатата ноќ иако беше прпратен со силни грмотевици и атмосферско празнење сепак е добредојден за сите земјоделски култури.
Според мерењата извршени во АД „Гоце Делчев Тиквеш“ наврнати се 26 литри на метар квадратен па се до 30 литри во Сопот и Бегниште. Овој дожд е добредојден особено за лозовите насади кои не се наводнуваат истакнува Драганчо Николов раководител на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци. Според Николов со овој дожд ќе се врати влагата во почвата и лозарите кои веќе извршиле едно наводнување треба да прекинат со наводнувањето се до бербата за да не се изгуби шеќерноста на винското грозје. За оваа година се очекува бербата на раните вински сорти да започне порано од 18 до 20 август бидејќи информациите од терен покажуваат дека шеќерноста на сортите шардоне, темјаника, совињон бланк и црн бунгурдец се движи од 17 до 19 шеќерни единици потврдува Драганчо Николов.
Што се однесува до бербата на трпезните сорти на плантажите на АД „Гоце Делчев Тиквеш“ се берат сортите : кардинал, мишел палиери,рибиер, викторија, страшински и супер ран афус али кои воглавнм се извезуваат надвор од Македонија. Во компанијата „Пеца-комерц“ од вчера отпочна откупот на сортата викторија која се откупува по цена од 23 денари за килограм , меѓутоа останува можноста поквалитетното грозје од сортата викторија да добие и повисока цена од 25 денари за килогра. Сортата блек меџик ќе се откупува уште утре а продолжува откупот на сортата кардинал каде во зависност од квалитетот откупната цена се движи од 20 до 23 денари .
Иако се наближува стартот на бербата на винските сорти сеуште на лозарите им се непознати откупбните цени иако сметата дека година производните трошоци се зголемени. неофицијално поткрепено со поединеќни изјави на лозари се очекува откупните цени барем да бидат на ниво на минатогдишните.
Мирјана Мукаетова

Додади коментар