Обновени кошевите на спортскиот центар „Јасмин“
19-07-2017 РЕГИОН
Иако несовесни граѓани ги кршати тоа неколку пати во годината, повторно се изврши обнова на кошевите на спортските терени кои се во склоп на спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.
„по најновото обновување на кошевите кои беа искршени , сакам да апелирам до кавадарчани со молба, да бидат внимателни со нив. Имено, по околу три пати годишно се кршат, а ние по толку пати ги обновуваме “ рече директорот на с.с „Јасмин“, Сашо Атанасов.
Тој се надева дека кавадарчани многу подомаќински ќе се однесуваат кон кошевите, благодарение на кои се откриени бројни нови таленти во градот, а многумина имаат каде да го поминат слободното време.

Додади коментар