Објавен тендерот за изградба на спортска сала во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Ваташа
23-04-2021 РЕГИОН

Огласот е во тек и истиот завршува на 25.05.2021г , по што ќе биде склучен договор со најповолниот понудувач. Во огласот е наведено изградбата да трае 9 месеци по потпишување на договорот.
Предвидена е спортска сала во чиј склоп ќе има две соблекувални за учениците опремени со тушеви и топла вода , остава за спортска опрема и канцеларија за наставниците по физичко.
Влезот на спортската сала е проектиран на 2 начини, еден влез поврзан преку топол премин со училиштето, а другиот влез од надворешната страна од училиштето.
Вкупната површина на спортската сала ќе изнесува 376 м2, од кој 303 м2 корисна површина за спортско игралиште. Средствата за овој проект се целосно обезбедени од Општина Кавадарци.

Додади коментар