ОВР Кавадарци: Возачите на мотоцикли задолжително да носат кацига - следуваат засилени контроли
27-04-2021 РЕГИОН

Од ОВР Кавадарци ги потсетуваат сите возачи на мопеди, мотоцикли, лесни трицикли, трицикли и четирицикли дека пред да ги вклучат своите возила во сообраќај,  истите е потребно да ги доведат во техничка исправност, односно истите да ги регистрираат и да ја продолжат важноста на осигурителната полиса. Од полицијата апелираат возачите на овие возила задолжително да поседуваат возачка дозвола, во зависност од категоријата во која спаѓа возилото со кое управуваат. 

 

Апелираме возачите и лицата кои управуваат и се превезуваат со мопеди и мотоцикли,  лесни трицикли, трицикли и четирицикли, за време  на управувањето на возилото задолжително да користат заштитен шлем (кацига) со што би се намалила опасноста од предизвикување  на повреди, при случување на сообраќајни незгоди.

 

Исто така се апелира до родителите да не им дозволуваат на нивните малолетни деца да управуваат возила од горе споменатите категории, пред да се стекнат со право за управување, бидејќи за истото ќе се соочат со преземање на репресивни мерки спрема нив, согласно законот.

 

Од страна на ОВР Кавадарци во наредниот период ќе се преземаат засилени мерки спрема оваа категорија на возачи, како на превентивен, така и на репресивен план. 



Share

Додади коментар