На 03.01.2021 околу 15.10 часот, при извршување работни задачи на регионалниот пат Кавадарци - мотел „Дреново“, во близина на с.Возарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци биле физички нападнати од Д.Ј.(32). По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.
На 03.01.2021 во периодот од 12.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле регистрирани 41 прекршок од кои 15 во Велес, 16 во Кавадарци и 10 во Неготино.
Во периодот 03./04.01.2021 за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 45 лицаи тоа, 33 во Велес, сeдум во Кавадарци и пет во Неготино. Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.

Додади коментар