Вчера во 17.40 часот во Полициската станица Неготино, В.П.(58) од Неготино пријавил дека околу 17.15 часот бил физички нападнат од М.П(35). По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.
На 01.12.2020 околу 00.15 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во викенд куќа во близина на с.Моклиште, сопственост на Р.Ј.(41) од Кавадарци. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, а повредени лица нема. Бил извршен увид на местото на настанот.
Во период 01./02.12.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 54 лица,и тоа, 28 во Велес, 13 во Кавадарци и 13 во Неготино. Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.

Додади коментар