Општина Кавадрци ги информира граѓаните на Кавадарци и регионот дека, традиционалниот „Есенски панѓур 2014“ ќе се одржи во деновите 10, 11 и 12 октомври. Локацијата и годинава останува непроменета. Штандовите на излагачите на панаѓурот се сместени на булеварот „Никола Минчев“ поранешен „Едвард Кардењ“ на потегот од кружниот тек кај новата автобуска станица, до спојот на булевартор со регионалниот пат „Северен Булевар“-обиколница.
Се известуваат жителите на булеварот „Никола Минчев“ поранешен „Едвард Кардељ“ најдоцна до 12:00 часот на ден 09.10.2014 год да ги отстранат своите автомобили како би го ослободиле просторот за поставување на тезгите на излагачите на есенскиот Панаѓур 2014г., кој ќе се одржува во деновите 10,11 и 12 октомври (петок, сабота и недела) во Кавадарци.
Воедно се известуваат сите граѓани дека булеварот „Никола Минчев“ („Едвард Кардељ“) како и булеварот „Македонија“ од спојот со ул. „Орце Николов“до булеварот „Цветан Димов“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај, во деновите на одржувањето на есенскиот панаѓур.

Додади коментар