Од први октомври стартува ловната сезона
27-09-2016 РЕГИОН

Викендов, односно на 1 октомври започнува ловната сезона за дивечот определен со ловостој односно автохтониот дивеч. По законската определба на 1 октовмри отворен ќе биде ловот на дивата свиња.Зајакот и еребицата за лов ќе бидат пуштени на 11 октомври, информира секретарот на ловечкото друштво Тиквеш Кавадарци, Тоде Пановски.

 

И оваа ловна сезона, автохтониот дивеч ќе се лови по насоките и препораките на надлежното министерство. Тоа значи, вели Пановски,  право на лов ќе имаат само ловците со измирена чланарина, дозвола за лов и положен ловечки испит.

 

„Ловците добро го знаат теренот со кој стопанисува ловечкото друштво Тиквеш и знаат каде ловот на дивата свиња, зајакот и еребицата даваат резултати. Нашите ловци се искусни и долгогодишни, но законските регулативи строги и високи, па затоа треба да се почитува законот. Во спортивно ловочуварит и нашите служби на терен ќе делуваат согласно одредбите од законот, појаснува секретарот. За лов на дива свиња, зајак и еребица, ловците со измирена чланарите и положен ловечки испит ќе треба да извадат и дозвола за лов“ рече Пановски и нагласи дека  воопшто не било  проблем да се  издаде дозволата, секој работен ден, само ловците да биле во рамки со законот.

 

Инаку според одредбите за лов на министерството за земјоделство шумарство и водостопанство казните се во висина од 1500 до 3000 евра.

 

Милица Младенова



Share

Додади коментар