Од први септември едносменска настава во ООУ „Димката.А.Габерот“ Ваташа
29-08-2016 РЕГИОН

Од  четврток започнува новата учебна година. Училиштата ги завршуваат последните подготовки за пречек на учениците. Највозбудени за стартот на учебната година се првачињата, кои за прв пат ќе седнат во училишните клупи.

 

ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Ваташа е веќе подготвено за успешен старт на новата учебна година, информираше денеска директорката на училиштето, Јанушка Милкова.

 

„Новата учебна година започнува во четврток за сите ученици. Новина во нашето училиште е тоа што што од оваа учебна година наставата ќе се изведува едносменски“ рече Милкова.

 

Годинава во ваташкото училиште се запишани 23 првачиња, бројка иста со минатата учебна година.

 

 Од училиштето информираат дека новата учебна година за учениците од второ до девето одделение ќе започне во четврток од 8 часот, а за првачињата од 9 часот.

 

A.Д



Share

Додади коментар