Одбележан 5 ти декември меѓународниот ден на волонтерството
05-12-2013 РЕГИОН

5 ти декември меѓународниот ден на волонтерството денеска беше одбележан на градксиот плоштад во Кавадарци.Настан организиран од клубот на млади при општинската организација на црвен крст, со активно учество на повеќе невладини организации меѓу кои Креактив, Совет за превентива против малолетничка деликвенција и Дневен Центар за лица со посебни потреби Кавадарци. Целта велат од црвениот крст е јавно да се промовира волонтерството и да се подогне свеста кај граѓаните за и тие да бидат дел од големата волонтерска заедница. Од градскиот плоштад волонтерите од клубот на млади денеска делеа промотивен материјал од тековните активности кој се реализираат во кавадаречкиот Црвен Крст.

Неделата за грижа на старите и изнемоштени лица, борбата против трговијата со луѓе, неделата на хив сида. На случајните минувачи им беа поделени и  црвени панделки како и презервативи за подигање на свеста особено кај младите колку заштитата од хив сида е важна и сето во рамки на големата кампања.Целиот настан гласно сакаше да упати апел дека волонтерството е пред се водено од добрата воља, инспирирано од желбата за помош , а не од желбата за материјална или финансиска добивка. Волонтерството има за цел потенцираа денеска младите да ја намали бројката на ранливото население и несебично секогаш да им помага. Сето ова е во согласност со принципите на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина истакнаа младите волонтери кој денешниот настан од градскиот плоштад го заокружија со заедничко дружење на скромен коктел.

М.М



Share

Додади коментар