Одбележан денот на пожарникарите (ВИДЕО)
20-05-2021 РЕГИОН

Со парада на против пожарни возила и вклучени сирени пожарникарите од Кавадарци денеска се вклучија во одбележувањето на нивниот ден, 20 ти мај.  Возилата поминаа низ градските улици и се вратија во противпожарната станица. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев им го честита денот на пожарникарите и најави дека општината ќе набави ново против пожарно возило со носивост од 12 тони.

 

Командирот на ТППЕ Кавадарци, Александар Чадамов е задоволен од кадровскиот и техничкиот потенцијал со кој располага единицата.

 

 

Тројца пожарникари од кавадаречката против пожарна единица кои заминуваат во пензија добија подарок дрвено буре со логото на единицата. Од нивно име се обрати Бранко Тодоров кој нагласи дека остануваат на располагање и во наредниот период.

 

А.Д

 

 



Share

Додади коментар