Во кавадаречкото село Шешково денеска се одбележаа 70 години од формирањето на првата македонска дивизија која броела 1225 борци и старешини претежно од тиквешијата
На спомен обележјето во селото Шешково, кое сведочи за формирањето на првата македонска дивизија пред седумдесет години, денеска делегации од боречките организации на Кавадарци и Неготино и претставници на месната заедница положија свежо цвеќе.
За дејствувањето на дивизијата во повеќе битки и придонесот во ослободувањето, пред присутните говореше секретарот на Сојузот на борци Кавадарци, Илија Браов. Тој нагласи дека дека формирањето на дивизијата бил е еден од најзначајните настани во развојот на Народноослободителната војна во Македонија. Борците од дивизијата учествувале во битките за ослободување на Прилеп, Кичево и други населени места во земјава.
А.Д

Додади коментар