Одложена денешната седница на советот на општина Кавадарци
28-04-2017 РЕГИОН

Најверојатно поради актуелната политичка состојба во државата советот на општина Кавадарци нема да ја одржи редовната 56-та седница што беше закажана за денеска.

 

Од службата за односи со јавноста при општината ни беше потврдено дека седницата се одложува и истата ќе се одржи во текот на месец мај.

 

Советот денеска требаше да го разгледува кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општина за првиот квартал од 2017 година. На дневен ред беа и неколку урбанистички одлуки, извештаите за работа на мини хидро електричните централи „Лукар“, извештајот за работењето на ЈП Комуналец за минатата година, како и извештаите за работа на Вардарски плански регион и за спроведувањето на програмата за развој на Вардарски плански регион.

А.Д

 



Share

Додади коментар