Општина Кавадарци завршува со реализација на сообраќајниот проект за означување со вертикална и хоризонтална патна сигнализација на новите кружни текови во градот.
Денеска паралелно се работеше на поставување сообраќајни знаци, како и на обележување на хоризонталната патна сигнализација.
Специјализираната фирма „БОЈТА инг“ од Скопје под надзор на надлежната сообраќајна служба од општината постави 80 сообраќајни знаци на 40 столбови и тоа на двата кружни текови на улицата „7 Септември“ како и на кружниот тек на ул. „Тиквешко востаниа“ поранешен прв триаголник.
Активности на патната сигнализациа се одвиваат на кружниот тек кај Винарската визба „Тиквеш“ каде се спроведуваше хоризонтално обележување на коловозните ленти, на пешачките премини и пешачки острови, како и обележување на границите на кружниот тек.

Додади коментар