Околу 150 деца од социјално загрозени семејства од Кавадарци на бесплатно летување
19-07-2016 РЕГИОН

И оваа година социјално загрозените семејства и семејствата кои имаат дете со посебни потреби покажаа голем интерес за да ја искористат помошта од државата за бесплатно летување во македонските одморалишта.

Од директорката на Центарот за социјални работи Кавадарци, Вања Маневска добивме информација дека за летување биле доставени 148 апликации од социјално загрозените семејства и корисници на посебен додаток.

 

Во првата група од Кавадарци н а летување биле 50 деца од кои 15 со родителска придружба. Во втора смена немало летувалци од Кавадарци, додека во третата, која заврши денеска на летување биле 40 цеа од кои 5 со придружба на родител.

„До крајот на летото сигурно уште во две групи ќе има летувалци од Кавадарци. Интересот беше голем и сите што аплицираа ја искористија можнсота за бесплатен одмор“ рече Маневска. 

 

А.Д



Share

Додади коментар