Опаѓа нивото на реката Вардар. Мерењата на управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека во претходните три дена, драстично се намалува протокот на вода.. Така во неделата, Ввардар низ велес минувал со над 300 метри кубни во секунда а веќе следниот ден протокот се намалил на 250. Вчера е забележан нов пад – мерењето на хидролозите покажало дека реката низ градот минува со 190 метри кубни во секунда..
Инаку токму во неделата кога е измерен најголем проток на вода, делумно беа поплавени површини покрај речното корито. Настрадаа неколку подрумски простории, пластеници и магицински простори во населбите речани и шорка . Беше загрозена безбедноста и на башиноселскиот мост.. Со градежна механизација се отстрануваа наносите од смет и дрвја. Поради ова имаше и мали прекини во одвивањето на сообраќајот..
Според најавите на метеоролозите, во следните денови се очекува нов влажен бран кој ќе предизвика обилни врнежи од дожд. Наместа се предвидува да паднат и над 60 литри на метар квадратен. Синоптичарите прогнозираат дека ова ќе предизвика покачување на нивото на реките.. Освен дождот се очекува и нагло топење на снегот поради повисоките температури и јужниот ветер..
Инаку зголеменото ниво на реката вардар во претходните денови беше резултат на зголемениот водостој на реката пчиња поради обилните врнежи во јужна Србија..
Зоран Јаневски

Додади коментар