Се апелира до сите жители на општина Кавадарци во наредниот период да избегнуваат посета на институциите и своето функционирање да го приспособат согласно моменталната ситуација во нашата земја која се води според дадените заклучоци, мерки и препораки се со цел превенција од ширење на болеста COVID -19 ( корона вирус ).
Исто така апелираме до сите жители на општина Кавадарци да се придржуваат кон сите заклучоци, мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство и ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци.
На официјалните профили и веб сајтови на овие институции секојдневно се објавуваат нови информации и препораки за превенција.
Во текот на денешниот ден, во централното градско подрачје ќе се постават и пунктови за дезинфекција на раце.
Во прилог е и алгоритам за постапка со патници кои се вратиле од земјите со висок, среден и низок ризик на заболени од корони вирус.

Додади коментар