Општина Кавадарци купи минибус за потребите на администрацијата и НВО секторот
29-11-2013 РЕГИОН

Сите невладини организации, здруженија на граѓани, институции кои се под надлежност на општината, урбани и месни заедници од денеска ќе можат за свои потреби при реализирање на активностите да го користат новиот минибус што го купи општината. Возилото е набавено со буџетски средства, а градоначалникот Александар Панов по завршувањето на обиколката на градот со минибусот рече дека на овој начин ќе се заштедат средства во буџетот и за 2-3 години минибусот ќе си го оправда купувањето. Обиколката на градот беше искористена градоначалникот да ја информира јавноста за досега сработеното во делот на капитални проекти и како што нагласи, симболично да одговорел на обвинувањата од опозицијата.

 

„Она што пред некое врмеме беше провкација на осветот дека трошиме пари за превозни средства еве го реализираме. Да,  трошиме за граѓаните за невладиниот скетор, за урбаните и месните заедници. Она што беше буџет на ЛС наменет за кола за градоначалникот и за автобус половично го реализираме. Колата ќе почека на подобри времиња, а она што е насушна потреба на граѓаните денеска го реализираме. Наскоро ќе имаме и јавен повик сите тие институции во надлежност на локалната самоуправа,  да си пресметаат каде имаат за патување и во декември или јануари да аплицираат . Ќе ги намалиме трошоците што секоја година ги даваме за нив. Сметам дека ќе бидат доволни 2-3 години за да овој автобус си го оправда купувањето“ рече Панов.

Во изминатите пет години  во Кавадарци биле реализирани капитални проекти во висина од 7 милиони евра. Ангел Данов



Share

Додади коментар