Општина Кавадарци објави јавен повик за пријавување штети врз земјоделските култури од ниските температури
21-04-2021 РЕГИОН
„Се повикуваат граѓаните на Општина Кавадарци кои што имаат претрпено материјална штета од природна непогода-голомразица која што го зафати подрачјето на територијата на општината, во деновите 08, 09, и 10.04.2021 година, истата да ја пријават во просторите на општина Кавадарци“ - стои во јавниот повик за пријавување на штети што го објави општината.
Пријавувањето на штетите може да се врши секој работен ден почнувајќи од 21.04.2021 година до 06.05.2021 година во периодот од 08:30 до 16:30 во Граѓански услужен центар.
Покрај барањето пријавите да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, трансакциона сметка и доказ за сопственост на имот (имотен лист или договор за закуп).

Додади коментар