Осум лица на подрачјето на СВР Велес не ја почитувале забраната за движење
27-04-2020 РЕГИОН

Во текот на изминатото деноноќие,26/27.04.2020 година,на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес забраната за движење не ја почитувале осум лица, и тоа, четири во Велес, едно во Кавадарци и три во Неготино.  

 

 Во овој период нови лица се Решенија за изолација и со Изјава за самоизолација нема. Вкупно со Решение во изолација има 124 лице, од кои 96 во Велес, 12 во Кавадарци и 16 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 88, од кои 62 во Велес, 13 во Кавадарци и 13 во Неготино.

 

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки - информираат од СВР Велес.

 



Share

Додади коментар