Падна и првата кривична пријава во Кавадарци за непочитување на мерките за заштита од корона вирусот
17-03-2020 РЕГИОН
Едно повозрасно лице од Кавадарци заработи кривична пријава поради непочитување на издадените мерки и препораки за заштита од ширење на корона вирусот - дознаваме од ОВР Кавадарци.
Пријавата во моментов се процесуира а најверојатно, според нашите информации несовесното лице ќе добие и мерка притвор.
Неофицијално, станува збор за лице од Кавадарци кое работело како возач.
Очекуваме поопширни информации во врска со овој случај.
А.Д

Додади коментар