Падна цената на кардиналот

Незрело грозје ја урна цената на “кардиналот” како најзастапена десертна сорта на грозје во Тиквешијата, се пожалија лозари од најголемиот лозаровинарски регион во Македонија.
-Грозјето убаво почна да си се продава по 50 денари за килограм. Но некои непромислени и алчни лозари побрзаа да го оберат уште зелено за да го продадат по повисока цена не размислувајќи дека на тој начин му штетат на целото лозарство во Македонија. И се случи тоа што се очекуваше во таква ситуација. За кратко време, кардиналот падна на цена од 20 денари за килограм. Треба еднаш засекогаш да се свати дека берењето зелено грозје е меч со две острици. Можеби ќе се продаде одедена количина по 50 денари, но останатото грозје ќе мора да се даде за џабе-рекоа лозари кои реагираат што поединци сакаат да го соберат кајмакот од продажбата на трпезното грозје во Тиквешко.
Лидерот на лозарите Љупчо Аризанов исто така нагласи дека недостасаното грозје навистина ја урнало цената на кардиналот .
-Лозарите треба еднаш засекогаш да сватат дека за да постигнат добра цена и сигурна продажба на својот род, мораат грозјето да го берат зрело, а не “прошарано”-дециден беше Аризанов.
Тој нагласи дека со години наназад на некои земјоделци им се случува истото, да берат што се вели зелени земјоделски производи и со тоа да им прават штети на останатите производители во земјоделството кои чекаат нивниот род во нивите да ја достигне потребната зрелост. Не сака ниту да помисли дека може да се случи цената на килограм трпезно грозје да оди уште надолу само поради несериознозта на поединци во лозарството.
Инаку денес на импровизираниот кванташки пазар во Кавадарци килограм кардинал се продаваше по цена од 20 до 22 денари за килограм. Прекупувачи, слабо.

Светлана Дарудова



Share

Додади коментар