Панов: „Да нема маниупулации.Бесплатен превоз само за ученици кои живеат подалеку од 2 км“
30-08-2013 РЕГИОН

  Во учебната  2013/2014 година, согласно член 61 од Законот за Основно образование, право на бесплатен превоз имаат само учениците чии дом е оддалечен повеќе од 2 километри од училиштето, како и учениците со посебни образовни потреби. Исто право на превоз имаат и учениците кои од оправдани причини се запишани во училиште надвор од својот реон(изречени дисциплински мерки, промена на живеалиштето), се вели во известувањето од Службата за односи со јавноста при Локланата самоуправа и се додава:

 Врз основа на Законот, општина Кавадарци во 2008 година изврши Реонизација согласно која е одредена територијата на опфат со границите по улици од каде се прифаќаат учениците во основните училишта. Врз основа на таа реонизација и табеларниот приказ добиен од училиштата Општината има преглед кои ученици имаат право да го користат бесплатниот ученички превоз.

Врз основа на овие Законски одредби, градоначалникот и општината уште еднаш благовремено ги информираат училиштата, а воедно и родителите дека, учениците кои не ги исполнуваат наведените услови согласно Законски одредби не подлежат на бесплатен ученички превоз. Градоначаникот Апелира до училиштата и родителите да не ги злоупотребуваат наведените повластувања, како не би предизвикале несакани последици врз спроведувањето на овој благороден и хуман проект, стои на крајот во известувањето.



Share

Додади коментар