Пациентите задоволни од услугите во кавадаречката болница
30-10-2015 РЕГИОН

Во изминатиот период во општа болница Кавадарци се инвестирани над 42 милиони денари за набавка на нова современа медицинска опрема, информираше денеска директорот на болницата, д-р Орце Ангеловски.

Тој се осврна и на разултатите од спроведените анкети кои покажале дека кај пациентите кои ги користеле здравствените услуги на болницата имало речиси сто отсто задоволство од болничката нега пружена од лекарите и останатиот персонал, како и од условите во болничките соби.

 

„94,8% од испитаните пациенти се задоволни од достапноста на лекарите во болницата, а 97,7% се задоволни од стручноста на лекарите.80% од испитаните пациенти се задоволни од хигиената во санитарните јазли. Добиените резултати се релевантен показател на заедничките заложби на менаџментот на болницата и Министерството за здравство, во насока на унапредување на условите за третман и лекување на пациентите во болницата“ рече д-р Ангеловски.

Тој информира дека во изминатиот период е набавен нов рентген апарат, хируршки стол со опрема, апарат за анестезија, биохемиски анализатори,изолиран бил просторот на рентген одделот за нов мамограф, а рече дека во најава е опремување на одделот за неврологија со нов ЕЕГ и ЕМГ апарати.

 

„Континуирано се вложува и во зајакнување на кадарот и професионално усовршување и едукација на кадарот. Вработени се 8 општи доктори, 4 специјалисти, 11 медицински сестри, 8 општи работници. Доделени се 7 специјализации на доктори и тоа две за радиологија, по една за психијатрија, интерна медицина, гинекологија , ОРЛ и клиничка биохемија. Дел од специјализациите се при крај“ рече директорот на болницата и додаде дека од приватното здравство биле превземени 4 специјалисти, 2 хирурзи, по еден педијатар и интернист и истите веднаш биле вклучени во процесот на работа.

 

„На едукација во странство досега од вкупно 39 доктори, биле 23, од кои некои и неколку пати како и 5 медицински сестри. Во болницата редовно и навремено се набавуваат потребните здравствени материјали. Со воведувањето на дистемот мој термин, времето на чекање е сведено на минимум. Повеќе наши лекари, од министерството за здравство се прогласени за најдобри со 100 други доктори во дражавата, за што се соодветно наградени“ информираше директорот на кавадаречката болница.

Ангел Данов



Share

Додади коментар