Педесетина земјоделци подигнале нови лозови површини

Сеуште има интерес кај земјоделците од Тиквешијата за подигање на нови површини со лозови насади па така меѓу педесетината земјоделци од тиквешкиот регион  кои поднеле вакво барање во Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството работна единица Кавадарци, 15 земјоделци се од Кавадарци а дваесет од Росоман и околните села како што се Сопот, Бегниште, Ваташа, Сирково, Манастирец, , Марена и Раец. Иако земјоделците кои  поднеа барање минатата година 2013/14 за подигнатите нови лозови насади сеуште ги немаат земено субвенциите кои изнесуваат  50% отсто од трошоците без ДДВ  тие имаат верба во владата и гледаат можност за егзистенција во лозарството и младите лозови насади и ја користат можноста половина од средствата кои ќе ги инвестираат владата да им ги врати. Што се однесува до изборот на сортите кои ќе бидата застапени на новите лозови насади според зборовите на Божанка Кузманова  самостоен референт во агенцијата,  не може да се каже дека преовладува само една сорта, бидејќи е присутна голема разновидност во која се гледа дека лозарите ги садат и старите автохтони сорти и  некои нови  трпезни сорти. Општ е впечатокот дека повеќе се подигаат нови лозја со вински сорти.

Во рамките на Ипард програмата каде исто така на земјоделците им се овозможува 50отсто од трошоците  да им се вратат според зборовите на Спасијка Афкова виш референт во Агенцијата за потикнување на Развојот на земјоделството во Кавадарци  годинава 39 земјоделци поднеле барање  од кои  шестмина се за подигање на системи капка по капка а останатите за набавка на нова механизација. И меѓу овие барања  најмногу има земјоделци од селото Сопот како и во делот на подигање на нови лозови насади  потоа следуваат селата Ресава, Возарци, Дренови и Кавадарци.  Па така можеме слободно да кажеме дека земјоделците од селото Сопот во чиј атар е плодното сопотско поле и каде постои значителен процент на покриеност со ситеми за наводнување ,се најмногу ангажирани за  искористување на плодното земјиште и овозможување  остварување на егзистенција преку  земјоделско производство.

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар