50.000 денари, средства од сопствениот буџет за настраданите од поплавите во Битолско ќе донира здружението на пензионери Кавадарци. По примерот на останатите здруженија, хуманоста ја продолжува и здружението на пензионери од каде годишно хуманитарна помош добиваат повеќе ранливи категории на граѓани преку акции организирани за собирање на облека, храна и средтсва за хигиена, а водени главно од активот на жени при здружението.
Одлуката да одвоиме 50.000 денари за настраданите од поплавените подрачја во Битола беше едногласна, вели за ктв претседателот на кавадаречкото здружение на пензионери Ристо Анѓушев. Битола како едно од најзагрозените подрачја во поплавите што ја зафатија Македонија, но и преку нивното здружение на пензионери како наши одлични пријатели и соработници без двоумење беше избран за град во кој ќе оди хуманитарно нашата донација.Сочувствуваме со семејствата кои претрпеа штети од поројните дождови во изминатите неколку дена, па со нашиот скромен придонес се надеваме дека минимално ќе помогнеме во санацијата на штетите, додава Анѓушев.Тој на хуманост ги повика и останатите граѓани од кои вели очекува секој во рамки на своите можности да донира за да им помогнеме на своите, соседи, роднини и пријатели кои настрадаа во поплавите.
М.Младенова

Додади коментар