Пет членото семејство Кирови живее со 4 илјади денари месечно
31-03-2015 РЕГИОН

Без доволно храна за децата, лекови и средства за лична хигиена - вака живее петчленото семејство Кирови од велешката населба Превалец.. Негата од околу 4 илјади денари што ја добива мајката Јованка се единствените пари кои месечно ги зема ова семејство. Тие се недоволни да ги покријат трошоците за две и пол годишниот Леонид, и неговите браќа 11 месечните близнаци Дарио и Давор. Таткото Ангел вели дека месечниот приход не стигнува ниту за потребното млеко за децата..

Семејството Кирови не добива надоместок за трето дете оти на Јованка овој брак и е втор,  а во претходниот веќе имала родено три деца. Привремено им е стопиран и социјалниот надоместок.Поради ова Кирови молат за помош а бараат и вработување.

З. Јаневски



Share

Додади коментар