Вчера во просториите на ПС-ОН Кавадарци се одржа работен состанок со инспекторите за превенција и преставниците на стручните служби од основните училишта.Целта на состанокот беше да се превземат заеднички мерки во врска со употребата на петардите во пресрет на Новогодишните празници.
Беше договорено со трибини и предавања на оваа тема да се почне веднаш, а прво училиште ќе биде Димката Ангелов Габерот од Ваташа, по што ќе следуваат и трибини во останатите училишта во Кавадарци и Росоман. При крај на месец декември предвидена е и показна практична вежба во организација на Полицијата, заедно со Црвениот крст и службата за инта медицинска помош, на која ќе присуствуваат ученици од сите училишта, а вежбата ќе биде симулација на повреди настанати од неправилана употреба на петардите. На крај беа спомнати уште еднаш и законските одредби кои се однесуваат на нелегалната набавка на петарди и други пиротехнички средства, како и нивната употреба на јавни места.
Од Полицијата, но и психолозите од училиштата сепак најголемиот апел го упатуваат до родителите. На нив им се посочува место петарди на децата да им купат облека, да ги дотераат топло за престојната зима, и да не им удоволуваат со пиротехнички средства бидејќи со истите лесно можат да заработат повреда.
М.М

Додади коментар