Над 150.000 луѓе во светот годишно остануваат инвалиди поради неправилна употреба на пиротехнички средства, а од нив околу 80 % се деца. Во Македонија статистиката покажува бројка во просек по 10 деца повредени секоја година за време на новогодишната ноќ. На потег се родителите, училиштата, институциите, Локалната самоуправа, вака почнува големата кампања на одделението за превенција при Полициска станица Кавадарци за ,,Среќна и безбедна 2014,, година.Без петарди, без оружје, без насилство, весело и без последици би требало да помине и дочекот на новата година, се очекувањата на инспекторите за превенција.
Од кавадаречката Полиција одделот за превенција предвидува обемна едукативна кампања за позитивни резултати. Инспекторот Димитар Каракулев веќе за утре најавува состанок со училиштата и педагозите токму на оваа тема за да се прецизира како секое училиште агресивно ќе ги едуцира учениците децата да стојат подалеку од пиротехничките средства.Следна ќе биде вели Каракулев акцијата во соработка со активисти на Црвениот крст и службата за Итна медицинска помош Кавадарци за симулација на повреда од петарда.Одделението за превенција упорно ќе цели со кампањата да допре до сите надлежни, а најмногу родителите со цел семејно и пријателско дружење, и фокус кон што побезбедно минување на престојните новогодишни и божикни празници.Средби додава Каракулев ќе има и низ училиштата во кој Полицијата дирекно на оваа тема ќе дискутира со учениците.
Одделот за превенција денеска се сретна и со уличните продавачи на новогодишни украси и подароци на кој им беа укажани одредбите од законот и глобите кој ќе им бидат иречени доколу работат спротивно на истиот. Од 200 до 500 евра се казните почнувајќи од неовластено пукање со оружје, употреба на пиротехнички средства, нарушување на редот и мирот или без одобрение набавка на експлозивни материи.Со оваа кампања за весела и среќна 2014 само се заокружуваат дел од планирањата на полето на превенцијата.Од Полицијата најавуваат активна и превентивна 2014 година и се надеваат на исто така добри резултати.
M.M

Додади коментар