Планинари од Неготино се искачија на врвот Мусала во Бугарија
02-09-2014 РЕГИОН

Петчлената планинарска екипа составена од планинари на Планинарското друштво „ Серта“ и  ПД „ Антигонеа“ од Неготино, во саботата 30 август се искачи на покривот на „ Балканите “ врвот Мусала на 2925 метри н.в на планината Рила, Република Бугарија.

 

Меѓу петчлената планинарска екипа беше и неготинскиот херој во планинарење, шест ипол годишниот Ване Бошев и неговиот татко Орданчо, кои под водство и патронат на Планинарскиот клуб „ Серта“ од Неготино предводен од претседателот Тодор Ѓорѓиев и планинарите членови на ова здружение - Бранко Мојсов и ветеранот Александар Јованов-Аџи, се искачија на врвот.

 

Искачувајќи се на врвот, најмладиот член, шест ипол годишниот Ване, го собори својот личен рекорд во планинарење за што му беа потребни вкупно 7 часа пешачење( 4 за искачување и 3 часа за спуштање по планината). Покрај овој, младиот Бошев се има искачено и на многу други врвови во Македонија, но и 2.476 високиот врв Мал томор на планината Томор во Албанија. Следен предизвик за освојување на младиот Бошев се врвовите Скала и Сколио на планината Олимп кај јужниот сосед.

Двајца од петчлената екипа Ване и неговиот татко се членови ПД „ Антигонеа “ а останатите тројца членови од ПД „ Серта“ од Неготино. На вој планинарски подвиг, своето јубилејно 15 по ред искачување на врвот Мусала го одбележа и претседателот и искусен планинаар на ПД „ Серта“ Тодор Ѓорѓиев.

 

Maja Алексовска



Share

Додади коментар