Повреден пешак кај мотел „Дреново“
16-01-2018 РЕГИОН
Триесет и едногодишниот Д.Л од Кавадарци вчера бил повреден од автомобил во близина на мотел „Дреново“, информираат од МВР.
Повредениот пешак околу 17 часот се движел по магистралниот пат Градско – Прилеп во близина на крстосницата кај мотелот.
„Во Д.Л удрил патнички автомобил марка „Ауди А6“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од педесет годишниот С.С. Пешакот е повреден и е пренесен во ЈЗУ Општа болница Кавадарци од каде по укажаната медицинска помош и утврдените повреди е пренесен во Клинички центар Скопје“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
По овластување од Основно јавно обвинителство увид на местото на настанот извршила екипа од кавадаречката полициска станица.
А.Д

Додади коментар