Познати годинашните добитници на наградата „7ми септември“
27-08-2021 РЕГИОН
Советот на општина Кавадарци на денешната 60-та редовна седница едногласно одлучи наградата 7ми септември да биде доделена на:
 
 
1. Дрекслмајер Кавадарци за придонес во стопанството
 
 
2. Д-р Лазар Нанев за придонесе во областа на науката и публицистиката
 
 
3. ТППЕ Кавадарци за придонес во заштитата на животната средина
 
 
4. Борче Стаменов за особен придонес во областа на хуманоста за лицата изложени на социјален ризик.
 
 
Наградата се состои во плакета и диплома, а ќе биде доделена на свечената седница на советот која ќе се одржи по повод денот на ослободувањето на Кавадарци.
 
А. Д


Share

Додади коментар