Полициска контрола: Откриени повеќе сообраќајни прекршоци
29-07-2019 РЕГИОН

Во саботата во периодот од 16.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Велес извршена е контрола на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што, се констатирани 22 прекршока, од кои осум во Велес, девет во Кавадарци и пет во Неготино.

 

Вчера пак oд 00.00 до 05.00 часот во СВР Велес извршена е контрола на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што 12 биле под дејство на алкохол, и тоа, во Велес четири прекршоци, во Кавадарци три прекршоци и во Неготино пет прекршоци. На возачите кои не ги почитуваат сообраќајните прописи им се изречени соодветни казни - информираат од СВР Велес.

 

 

 

                  



Share

Додади коментар