Продолжуваат честите контроли на кавадаречката Полиција особено во пазарните денови од неделата. Почитувајте ги правилата бидејќи се најважни за безбедноста во сообраќајот им порачаа инспекторите за превенција на возачите со прекршоци.Првично се опоменува и казнуваа оние кој ги узурпираа местата каде не смеат да се паркираат. Полициски екипи делуваа низ центарот на градот , но ги имаше и низ раскрсниците од пeриферијата.
Пешачките премини, обележаните места за инвалидизирани лица, влезовите пред институциите и пристапните улици до станбени објекти се места каде не смее да се паркира апелираше полицијата за непочитувачите. Тоа се законски одредби кој мора да се почитуваат бидејќи во спротивно казните се високи.Целта ни е првично да им укажеме на возачите бидејќи безбедноста е на прво место, но доколку на ваквите превентивни акции затекнеме и случаи опоменувани по неколку пати за нив следна е репресијата. Денеска опеменуваме и делиме покани за сообраќајни поуки, но за помалите прекршоци за сторените прекршоци кои чинат глоба над 45 евра без размислување следи репресија оти ова се континуирани акции кој веќе треба да ја имаат подигнато свеста за сообраќајна култура кај возачите ни рекоа инспекторите за превенција. Не само во пазарните денови, акциите ќе ги има се почесто најавуваат од Полицијата.
Ред мора да има, свесни сме дека нема доволно паркин простор, но ако има дисциплина постои и решение децидни се од таму.Ваквите акции денеска наидоа и на подршка од граѓаните главно пешаците на кој пак Полицијата им забалежа и укажа дека и за нив важат правилата особено кога минуваат низ пешачки премин. Предност имаат да но и за нив важат сигналните знаци за минување кој ги дава семафорот укажаа униформираните полициски службеници.
Вакви акции треба да има ги поздравуваме и се сложуваме дека правила си се правила и мора да се почитуваат, но апелираме до надлежните дека за да препознаеме пешачки премин истиот мора да е барем обележан, ни рекоа дел од граѓаните кој побараа јасна слика на пешачките премини во градот. Акцијата која ја реализираше денеска Кавадаречката Полиција, а беше наменета за непрописно паркирање и по препорака на МВР согласно новиот проект за директни поплаки кои беа насочени од анонимни граѓани за непрописно паркирање беше документирана и со фотографии кој ќе се најдат на презентациите за сообраќајни поуки со цел да се укаже како не треба да се однесуваме во сообраќајот.
Милица Младенова

Додади коментар