Во текот на вчерашниот ден во засилена акциска контрола кавадаречката Полиција одзеде 1700 парчиња петарди полуларно наречени со надимакот пираки. Ги пронашле како се продаваат на црно под тезга кај уличните продавачи на новогодишни украси лоцирани на градскиот плоштад во Кавадарци. Од Полицијата подтврдуваат дека прекршителите ќе се соочат со казни согласно законот за заштита од екслозивни материи кој предвидува глоба во висина од 200 до 400 евра. Од инспекторите за превенција дознаваме дека ова не е прва туку напротив чести биле овој период полициските контроли во кој се одземаат пиротехничките средства нелегално пуштени во продажба.
Пред само три дена исто така во акција била одземена помала количина на петарди, а вчерашната во која потенцираме одземени се 1700 парчиња, само потврдува дека петардите сепак ги има во нелегална продажба и тоа најчесто кај уличните продавачи. Од Полицијата апелираат да се внимава и да не се трошат пари на петарди и останата пиротехника бидејќи истата може да има фатални последици. Младите да бидат особено внимателни и да пробаат празниците да ги дочекаат во весела атмосфера без пиротехника, а парите наменети за истата да ги искористат во хуманитарни цели. Полицијата потенцира дека акциите на терен продолжуваат и дека нема да има толеранции за никој. Ќе биде одземена секоја нелегална количина пуштена во употреба, а казните согласно законот ќе бидат спроведени.Немојте ниту да продавата ниту да користите за забава петарди, е апелот на ПС од ОН Кавадарци.
M.Mладенова

Додади коментар